Достапни линкови

Унгарија планира да ја укине вонредната состојба на 20-ти јуни


Виктор Орбан

Контроверзната вонредна состојба наметната во Унгарија поради епидемијата на коронавирусот треба да се укине на 20 јуни, соопшти владата на премиерот Виктор Орбан, обвинета за користење на пандемијата за ширење „Предлог-законот со кој се повикува владата да стави крај на вонредната состојба, ќе биде поднесена во парламентот“, рече министерката за правда, Jудит Варга на Фејсбук, додавајќи дека со усвојувањето на законот треба да се укине вонредната состојба на 20 јуни. Закон усвоен на 30-ти март му дозволува на премиерот Орбан да владее со декрети за време на вонредната состојба.

Унгарски парламент: договорот со Кина за пругата Будимпешта-Белград е тајна

Издадени се над 100 декрети, од кои многу ги ограничија овластувањата на локалните власти и нивните финансиски ресурси во борбата против ковид-19. Во Унгарија и Европската унија, многумина го критикуваа Орбан, обвинувајќи го за користење на кризата за да ја ослабне демократијата во земјата-членка на ЕУ, каде што десетгодишното владеење на Орбан го ослабна владеењето на правото во минатото, но Будимпешта постојано ги отфрла критиките. Во Унгарија, со население од 9,8 милиони, официјално се регистрирани 3.771 лица заразени со коронавирус, а 499 починале.

XS
SM
MD
LG