Достапни линкови

Во Шпанија од денеска десетдневна жалост за починатите од ковид-19


Барселона

Шпанската влада прогласи десетдневна национална жалост почнувајќи од денеска, во сеќавање на скоро 27.000 починати од коронавирусот во таа земја. Премиерот Педро Санчез на Твитер објави дека тоа ќе биде најдолгата национална жалост од воспоставувањето на демократијата во 1977 година, по скоро четири децении на фашистичката диктатура на Франциско Франко. Државните знамиња ќе бидат на половина копје десет дена, а не е објавено кога ќе има голема државна комеморација, во која ќе учествува и кралот Фелипе VI.

Ковид-19: Кој е најзагрозен и каде е најопасно?

Шпанската влада чекаше да се ублажат мерките од властите на Мадрид и Барселона, градовите кои се најпогодени од пандемијата, за да донесе одлука за национална жалост. Шпанија е меѓу европските земји со најлоши последици од пандемијата: од нејзините скоро 47 милиони жители, досега умреле 26.834.

Препорачано

XS
SM
MD
LG