Достапни линкови

И матичните лекари бараат економски мерки поради пандемијата


Здружението на лекари по општа и семејна медицина бараат од премиерот Оливер Спасовски и од министерот за здравство Венко Филипче, пакет економски мерки за подршка на матичните лекари.

Тие во писмо до Спасовски и Филипче наведуваат дека во време на пандемијата на Ковид 19, матичните лекари беа и се уште се на првата линија во справување со овој вирус и оти со нивната ангажираност и посветеност, го амортизирале притисокот врз секундарното и терциерното ниво и придонеле за успешно справување со пандемијата, намалување на кривата на новозаболении неоптоварување на болничкиот сектор.

„Од воведување на алгоритмот за скрининг за Ковид 19од 23 март до 30 април, матичните лакари вкупно закажале 3.131 пациенти за контролни брисеви, а 730 пациенти со докажан вирус Ковид 19 беа следени на домашен третман“, велат од Здружението и додаваат дека допрва ќе се соочуваат со предизвици предизвикани од пандемијата.

XS
SM
MD
LG