Достапни линкови

Приведени 79 лица за прекршување на полицискиот час


Во изминатото деноноќие, на ниво на целата држава, забраната за движење не ја почитувале 126 лица, при што приведени се 79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Исто така по однос на мерката за не носење личназаштита на лице регистрирани се18 прекршоци.За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

XS
SM
MD
LG