Достапни линкови

„Рекет” продолжува со завршни зборови


Бојан Јовановски - Боки 13 и Катица Јанева во судница за „Рекет“

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје, ќе ги каже завршните зборови за случајот „Рекет”, за потоа и одбраната на обвинетите да ги даде своите завршни зборови. На последните рочишта за овој судски предмет својата одбрана ја даде обвинетата, поранешна прва обвинителка на СЈО Катица Јанева која ги отфрли обвиненијата против неа и истакна дека законски ја вршла својата работа додека била на чело на Специјалното обвинителство.

Јанева – „Рекет“ е монтиран да се уништи СЈО

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка. Меѓу обвинетите за овој предмет каде прв пат во историјата на државата во обвинение е опфатен еден обвинител, беше и Зоран Милевски – Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор.

XS
SM
MD
LG