Достапни линкови

Заев – Курти: неделава ќе се знае кога ќе бидат закажани изборите


Зоран Заев

Република Северна Македонија и Косово многу добро се справија со кризата предизвикана од коронавирусот, заклучија во вчерашниот телефонски разговор претседателот на СДСМ Зоран Заев и Албин Курти, вршител на должност премиер на Косово и претседател на Движењето Самоопределување.

Јанушев - И бојкот е во игра, но верувам дека ќе се договориме за избори

Во однос политичките состојби и одржувањето избори, претседателот на СДСМ Заев истакнал дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во Северна Македонија, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок. Тој нагласил дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани.

XS
SM
MD
LG