Достапни линкови

Коронавирус: 17 оздравени и 21 новозаразени


Клиника за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство денеска информираше дека Институтот за јавно здравје регистрирал 17 оздравени пациенти. Во изминатите 24 часа, пак, потврдени се нови 21 случај на новиот коронавирус, односно, регистрирани се 12 случаи во Скопје, пет случаи во Тетово, три во Куманово и еден случај во Штип.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447“, информираат од МЗ.

Во изминатото деноноќие се направени вкупно 258 тестирања. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се во рамките на скринингот, велат од министерството, и додаваат дека не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

XS
SM
MD
LG