Достапни линкови

104 лица го прекршиле полицискиот час, 76 приведени


Илустрација - Полициски час во Прилеп

Во текот на изминатото деноноќие МВР регистрирало 104 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

„На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е 1 лице кое не ја почитувало мерката. По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 82 прекршоци. Во државен карантин се спроведени 23 лица“, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG