Достапни линкови

Турската ТРТ започна нова руска дигитална платформа


TRT Russian ќе се фокусира врз обезбедување балансирани вести за регионални и глобални прашања, вклучително и преку дописници во светот што зборуваат руски јазик, соопшти турскиот државен радиодифузер. Новата платформа и нејзините канали за социјални медиуми „ќе играат клучна улога во борбата против дезинформациите и манипулациите“, се додава во соопштението на ТРТ. Турција и Русија ги поддржуваат спротивставените страни во конфликтите во Сирија и Либија, но исто така се обидуваат да ги намалат меѓусебните спорови со проширување на политичките и економските врски.

Турција очекува туристи, посебни мерки за хотелите и рестораните

Со започнувањето на новата дигитална платформа, Турција, исто така, најверојатно сака да ги достигне до етничките Турци во Русија и Централна Азија. Исто така Турција само лани ја посетија со седум милиони руски туристи. ТРТ веќе емитува на англиски, арапски и германски јазик.

XS
SM
MD
LG