Достапни линкови

Џонсон го брани својот најблизок соработник кој го прекршил карантинот


Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нема да го замени својот најблизок соработник Доминик Камингс за кршење на правилата за забрана на движење за време на пандемијата на коронавирусот. Камингс, заслужен за наметнувањето на строгите ограничувања за борба против коронавирусот, се најде под критика, бидејќи возел до домот на неговите родители на северо-истокот на Англија. Џонсон изјави дека Камингс дејствувал „одговорно, правно и со интегритет“ кога кон крајот на март возел 400 километри од Лондон до Дурам, со сопругата и синот.

Пандемија против приватност - апликации за следење, надеж и страв

Според правилата на забраната за движење, воведена на 23 март, на луѓето не им беше дозволено да ги напуштат своите домови, освен за потребни работи и вежбање, додека сите со симптоми на коронавирусот требаше да бидат целосно изолирани. Камингс рече дека отишол кај неговите родители бидејќи бил загрижен за неговиот четиригодишен син. Џонсон изјави дека неговиот советник „ги следел инстинктите на секој татко и секој родител“ и дека поради „посебните потреби на грижа за децата, тој немал алтернатива“.

XS
SM
MD
LG