Достапни линкови

Протести и контрапротести пред судското рочиште на Нетанјаху


Тензично во Ерусалим пред почетокот на првото рочишта на кое актуелниот премиер и лидер на десницата Бенјамин Нетанјаху ќе седне на обвинителна клупа поради обвинение за корупција. Пред судот на протести се појавија негови поддржувачи кои демонстрираа против судскиот систем и бараа оставка од обвинителот кој го покрена обвинението. Од друга страна група демонстранти од опозицијата протестираа во близина на домот на Нетнајху барајќи оставка од него.

Нетанјаху при влегувањето во судот пред почетокот на рочиштето изјави дека целта на овој судски процес е да смени десничараскиот лидер кој е на власт петти мандат по ред.

„Но јас сум тука со исправен грб и високо крената глава“ рече Нентанјаху.

Нетанјаху седнува на обвинителна клупа

Осудувајќи ги коментарите дадени од неколку високи министри на Ликуд и пратеници против правосудниот систем, лидерот на опозицијата Јаир Лапид вели дека премиерот поттикнува граѓанска војна.

„Поттикнувањето на Нетанјаху и на неговите луѓе против правосудниот систем е лажно, опасно, насилно и ја премина секоја линија. Нетанјаху се обидува да нè поттикне и да нè доведе во граѓанска војна за да се спаси од судење“, напиша Лапид на Твитер.

Околу 500 демонстрантисе собраа во Ерусалим на два спротивставени протести пред почетокот на судењето на Нетанјаху.

XS
SM
MD
LG