Достапни линкови

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер го погоди Иран


Земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Иран, објави денеска американскиот геолошки центар. Се уште нема податоци за повредени или предизвикана материјална штета. Универзитетскиот сеизмолошки центар во Техеран соопшти дека земјотресот се случил во 13 и 41 часот по локално време и дека е на длабочина од 10 километри.

XS
SM
MD
LG