Достапни линкови

Нови 37 заразени од коронавирус


Клиника за инфективни болести во Скопје

Нови 37 заболени од Ковид 19 регистрираше денеска Институтот за јавно здравје. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Т Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на ковид-19.

XS
SM
MD
LG