Достапни линкови

Нетанјаху седнува на обвинителна клупа


Денеска стартува судскиот процес против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјху поради корупција . Тој судскиот процес го нарече политички лов на вештерки. Нетанјаху првиот актуеленфункционер кој ќе се соочи со кривично гонење и ќе треба да седне на обвинително столче во Окружниот суд во Ерусалим. Судскиот процес следува една недела откако положи заклетва за петтиот рекорден владејачки мандат.

Нетанјаху, кој е лидер на десничарската партија Лукуд, беше обвинет во ноември дека примил мито, потоа за измама и корупција како и за местење на зголемена регулаторна моќ за медиумските тајкуни во замена за поволно покривање на печатот.

Додека трае судскиот процес Нетанјаху нема законска обврска да си поднесе оставка од премиерската функција.

XS
SM
MD
LG