Достапни линкови

Политичарите со честитки за Денот на словенските просветители


Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Во неговата честитка е наведено дека во 21 век, мајчиниот јазик и неговата употреба е основно човеково право кое е универзално почитувано.

Со честитка се огласи и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. Тој изјави дека нашиот јазик е нашата татковина, како што велеше Блаже Коневски, а писмото идентитетско обележје и доказ дека постоиме.

„Не смееме да дозволиме тргување со нашиот идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство што е заложбина и аманет на нашите предци. Така ќе се почитуваме и себе си, “ изјави Мицкоски.

Лидерот на владејачката СДСМ Зоран Заевчеститајќи го празникот истакна дека со успешната борба за признавање на словенското писмо и јазик, Св.Кирил и Методиј го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик, помогнаа за културно и духовно прогледување на многу народи ширум светот.

24-ти мај, се прославува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија.

XS
SM
MD
LG