Достапни линкови

Силно невреме во Индија, стотина загинати


Илустрација, дел од раселените луѓе со маски се обидуваат да се заштитат од коронавирусот откако невремето им ги уништи домовите

Најмалку стотина луѓе загинаа, а речиси милион се раселени откако циклонот Амфан ги погоди источниот дел на Индија и Бангладеш, соопштија властите. Невремето кое беше едно од посилните во изминативе десетина години, го погоди регионот со поројни дождови и невреме.

Според последните податоци најмалку 80 луѓе до сега загинале во западниот дел на регионот Бенгал, додека локалните медиуми јавуваат дека во Бангладеш бројот на загинати изнесува 22.

Невремето предизвика и проблеми во снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето, а уништи и голем број на домовi и земјоделски поседи. Локалните власти во западен Бегал соопштија дека невремето треба да се третира како национална катастрофа и побараа помош од индиската сојузна влада. Според досегашната проценка на регионалните власти штетата изнесува 13 милијарди долари и дека со невремето се погодени околу 15 милиони луѓе, а над милион куќи се уништени.

XS
SM
MD
LG