Достапни линкови

Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите во Хонг Конг


Полицијата во Хонг Конг со солзавец и димни бомби ги растеруваше илјадниците демонстранти кои денеска се излегоа на протест против планот на Пекинг да закони од областа на национална безбедност врз градот. Ова е прв поголем протест по прогласувањето на пандемија со Ковид -19.

Толпата демонстранти извикуваше „ова е нашата револуција“ „ослободете го Хонг Конг“ „ Самостојност на Хонг Конг е единствениот излез“. До протестот доаѓа откако Пекинг во четвртокот предложи нов пакет на закони за национална безбедност. Демонстрациите се случуваат во ситуација на загриженост за судбината на формулата „една земја, два система“ што функционираше за Хонг Конг од 1997 година.

XS
SM
MD
LG