Достапни линкови

Променливо облачно и врнежливо време


Времето денеска се очекува да биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во западните делови на земјата ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 12 степени, максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. УВ индексот ќе биде шест, информираат од УХМР.

Во Скопје претпладне посончево, а попладне променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд. Попладне ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне 25 степени. Понестабилно време се очекува во вторник и среда, кога и дневните температури ќе бидат пониски.

XS
SM
MD
LG