Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Економските мерки се задоцнети најмалку еден месец


Македонија е држава која најлошо се справува со корона вирусот од земјите во регионот, но и пошироко. Владата не презеде навремени мерки за справување со последиците од кризата, а епилогот на тоа се 112 мртви, 200 милиони евра дупка во буџетот за 4 месеци, стотици фирми во лоша состојба и илјадници граѓани на минималец изјави денеска Анастасија Илиеска од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

Таа посочи дека економските мерки кои владата ги презема се задоцнети и не го опфаќаат месец март, месец во кој што почна кризата и во кој голем број на бизниси затворија, а како последица на тоа голем број на работници останаа без работа.

Според опозицијата, Владата пропушти цел еден месец помош за граѓаните и стопанството, затоа што мерките почнаа да важат од месец април.

XS
SM
MD
LG