Достапни линкови

Пендаровски го честита Националниот ден на Власите


Претседателот и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, денеска по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во земјава. Тој истакна дека на овој ден во 1905 султанот Абдул Хамид Втори го издал декретот со кој во рамките на Отоманската Империја биле признаени националните права на Власите.

„По 115 години од овој чин, припадниците на влашката заедница, токму во Република Северна Македонија, го остваруваат правото на граѓанско и политичко организирање, уживајќи ги сите права како и останатите етнички заедници со што го зајакнуваат својот етнички, јазичен и културен идентитет, “ се вели во честиката на Пендаровски.

Во неа е посочено дека граѓаните со право може да се гордеат на придонесот на припадниците на влашката заедница во општествените текови и во сите сегменти на секојдневното живеење.

XS
SM
MD
LG