Достапни линкови

Сончев и малку дождлив продолжен викенд


Врменска прогноза, време, облаци, облачно, сончево, пролет

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Во информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи е наведено дека се очекува и да дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.В недела се очекува претпладне претпладне да биде сончево со мала до умерена локална облачност. Додека попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец, а УВ ќе достигне вредност 6.

Понестабилно време се очекува во вторник и среда.

XS
SM
MD
LG