Достапни линкови

Амбасадорката на САД во Тирана побара од власта реформа на судството


Архивска фотографија- Врховниот суд во Тирана

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, им порача на албанските политичари дека е „доста со игри” и оти изборната реформа и реформата во правосудството се неопходни за да може Албанија да влезе во големото европско семејство.

„Ние сакаме Албанија да биде силен сојузник на САД и сакаме вие да бидете дел од европското семејство. Изборните реформи и реформата во правосудството се неопходни. Доста е со игри. Време е да се реализира изборната и правосудната реформа. Како што лидерите ветуваа пред албанскиот народ, исто така албанскиот народ го очекува тоа од нив“, рече амбасадорката Ким.

Претходно, во објава на Твитер таа напиша дека посакува „да нема таен договор меѓу страните за саботажа на реформата во правосудството”.
„Се надевам дека гласините дека постои заткулисен договор за убиство на реформите во правосудството во Албанија не се вистинити. Реформата е болна, бавна и не е совршена, но неопходна е, таа напредува и мора да продолжи“, напиша Ким.

XS
SM
MD
LG