Достапни линкови

Чулев: нема пријава дека е следено раководството на ВМРО – ДПМНЕ


Архивска фотографија- министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска рече дека досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Тој ова го кажа одговорајќи на новинарско прашање поврзано со изјавата на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски дека тој е следен и прислушкуван. Тој деновиве рече дека има сериозни докази дека некој го следи врвот на партијата и нивните семејства.

На дополнително прашање, пак, дали има сознанија за вакво нешто, министерот потенцира дека тој нема сознанија.

„Доколку дојде пријава, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство“, рече Чулев.

На изјавата на дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска дека имало пречекорување на полициските овластувања при акцијата за контрола на донацијата од семејството Заеви, извршена на 30-ти минатиот месец, Чулев рече дека веднаш дал наредба до Одделот за внатрешна контрола за да се испита случајот.

„Од Внатрешната контрола е констатирано дека полициските службеници не ги пречекориле полициските овластувања, меѓутоа има одредени минорни административни пропусти и од страна на Внатрешна контрола е констатирано дека има одредени административни пропусти во заведувањето на настанот“, одговори Чулев.

Препорачано

XS
SM
MD
LG