Достапни линкови

Франција на локални избори на 28 јуни


Францускиот премиер Едуар Филип и министерот за внатрешни работи Кристоф Касатенр, на заедничка прес-конференција, денеска соопштија дека вториот круг на општинските избори ќе биде организиран на 28 јуни.

По консултаците со политичките групи и лидерите на политичките партии, Филип рече дека за датумот за 28 јуни немало концензус, бидејќи едни сметаат дека изборите треба да се организираат во јуни, додека други се за подоцна, јави МИА од Париз.

Извештајот на Владата ќе биде доставен до Парламентот, а потоа декретот ќе го донесе претседателот Емануел Макрон.

Препорачано

XS
SM
MD
LG