Достапни линкови

Состанок на НАТО по одлуката на Трамп за „Отворено небо“


НАТО за денеска попладне закажа состанок откако САД најавија повлекување од меѓународниот договор „Отворено небо“, соопштија претставници на Алијансата, пренесе Ројтерс.

САД вчера најавија дека имаат намера да се повлечат од договорот „Отворено небо“ заради кршење на договорот од страна на Русија. Американските медиуми објавија дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги известила останатите 34 потписнички на договорот.

Осумнаесет годишниот договор, кој ја вклучува Русија, има за цел да ја зголеми меѓународната стабилност со тоа што ќе им овозможи на државите потписнички да вршат летови за надзор над територијата на другите, за да набљудуваат воени инсталации и други објекти.

Официјална Москва истакна дека се противи на таквата одлука на американскиот претседател.

XS
SM
MD
LG