Достапни линкови

Тигањ - Спасовски: ЕК во јуни да ја постави преговарачката рамка за Македонија


Средба на хрватската амбасадорка во Скопје, Нивес Тигањ, и премиерот Оливер Спасовски

Хрватската амбасадорката во Скопје, Нивес Тигањ, го информираше премиерот Оливер Спасовски дека Хрватска доставила допис до Европската Комисија дека во јуни треба да биде поставена преговарачката рамка за Северна Македонија, со што ќе се отвори патот за првата меѓувладина конференција која треба да го означи почетокот на преговорите за членство во ЕУ, соопшти денеска владината прес-служба.

Според соопштението, премиерот Спасовски, на денешната средба со Тигањ, ја оценил како исклучително важна и иницијативата на Хрватска да се забрза потпишувањето на договорот за членство на Северна Македонија во Фронтекс со што значително ќе се зајакнат безбедносните капацитети на границата, за која на средбата извести амбасадорката Тигањ и која информираше дека овие денови хрватскиот контингент полициски службеници на нашата јужна граница ќе биде заменет со нов состав.

Премиерот Спасовски, се вели во соопштението од Владата, на средбата потенцираше дека сите прашања од особено значење за Северна Македонија, за кои Хрватска во овој период даде поттик и поддршка да се решат во најдобар интерес на земјата, треба да се заокружат во услови на функционални институции формирани врз основа на волјата на граѓаните на избори. Тој нагласи дека е од исклучителна важност тие да се одржат во првиот можен рок, односно дека датумот на изборите го определува Уредбата со законска сила со која што изборните дејствија се ставија во мирување и која утврдила дека изборните рокови продолжуваат во моментот кога ќе престане вонредната состојба.

XS
SM
MD
LG