Достапни линкови

Приведени 41 лице за непочитување на полицискиот час


Илустрација - Полициски час во Битола

Во последното деноноќие во земјата на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација, а вкупно 46 лица не го почитувале полицискиот час, при што приведени се 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Полицијата информира дека се регистрирани и 113 лица кои не носле маски, спротивно на уредбата за заштита. Полицијата извршила и контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани прекршувања на мерката.

XS
SM
MD
LG