Достапни линкови

Побарано отстранување на советски споменик од Софија


Константин Павлов

Градоначалникот на округот Лозенец во Софија Константин Павлов бара отстранување на споменикот од времето на комунизмот од јавниот парк во бугарскиот главен град, во знак на одбележување на „советските ослободители“ на Бугарија во 1944 година. Тоа предизвика остра осуда од Русија. До ова доаѓа во време на дипломатската расправија помеѓу Русија и Чешка по отстранувањето на контроверзната статуа на еден советски маршал во Прага.

Градоначалникот на Прага под полициска заштита за можно труење

„Јас продолжувам да се надевам дека градоначалникот на Софија конечно ќе одговори на мојот повик за ослободување на нашиот град од симболите на тоталитарната ера“, напиша Павлов, на Фејсбук објавата на 20 мај. Павлов одговари на писмото на амбасадорот на Русија во Бугарија, во кое дипломатот изрази „длабоко огорченост“ за предлогот на софискиот претставник за отстранување на споменикот. За време на Втората светска војна, Бугарија беше сојузник на нацистичка Германија до 4 септември 1944 година, четири дена пред советските сили да влезат во источноевропската земја. На 9 септември, пучот ја внесе Бугарија во советската орбита и земјата остана 45 години како послушен сателит на Москва.

XS
SM
MD
LG