Достапни линкови

Адеми најави финансиска поддршка за младите


Прес-конференција на министерот за образование и наука Арбр Адеми

Владата во рамки на третиот пакет економски мерки, за директна поддршка на младите лица, предвиде доделување три типа ваучери за средношколци, студенти и за млади лица до 29 години, најави на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми. Оваа мерка се очекува да им помогне и да им ја олесни состојбата во која се наоѓаат младите и полесно да се прилагодат на новата реалност.

„Првиот тип ваучер од 6.000 денари ќе се доделува на средношколци и студенти од семејства со ниски примања, за покривање на трошоците за партиципација, за студии и сместување во ученички или студентски домови. Вториот тип на поддршка е платежна картичка од 3.000 денари за студентите и ќе се користи за купување на домашни производи во одредени услужни дејности кои се најпогодени од кризата. Третиот ваучер од 30.000 денари е за млади лица до 29 години, за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини кои се потребни и барани, а сега веќе нивното поседување е основен услов за наоѓање работа било каде“, соопшти министерот Адеми.

Влогот за овие три мерки ќе биде 12 милиони евра, а со неа ќе бидат опфатени околу 100.000 корисници. Министерството пристапува кон разработка и дефинирање на план за да се реализира ова во јуни, односно до крајот на јули.

XS
SM
MD
LG