Достапни линкови

Спасовски: ОДИХР очекува од нас датум за избори


Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата.

Ги добивме одговорите од сите три институции- од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР, кои нè информираат дека очекуваат датум за избори и врз основа на тоа да започнат подготовки, објави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Комисијата за заразни болести даде извештај, стручно мислење, протокол за тоа како може да се одржуваат изборите, какви би биле тенденциите во однос на развојот на болеста.

– Државната изборна комисија информираше за роковите што се потребни за спроведување на изборните дејствија.

– Во писмото од ОБСЕ/ОДИХР нè информираат дека очекуваат датум за избори и врз основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќањето на мисијата за набљудување на изборите, објави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

XS
SM
MD
LG