Достапни линкови

Партијата на Макрон веќе нема мнозинство во парламентот


Емануел Макрон

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Република во движење го загуби мнозинството во Парламентот, откако ја напуштија седум пратеници. Заедно со неколку други поранешни поддржувачи на претседателот, тие формираа нова партија- Екологија, демократија, солидарност, која, како што најавија, ќе се фокусира на „зелените“ прашања и социјалната нееднаквост.

По нивната одлука, партијата на Макрон остана со 288 пратеници, еден помалку отколку што е потребно за мнозинство во Долниот дом, каде што има 577 места. Сепак, партијата на претседателот има поддршка од два политички партнера, кои заедно имаат 56 места во Парламентот.

XS
SM
MD
LG