Достапни линкови

Се демонтира мобилната болница за коронавирус кај Инфективната клиника


Мобилната болница беше поставена кај Инфективната клиника во март

Министерството за здравство попладнево потврди дека се демонтираат шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести во случај на зголемување на бројот на пациенти на кои би им бил потребен болнички третман.

Мобилната болница „Role 2“ добиена како донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и комплетна опрема. Болницата беше поврзана со топла врска со Клиниката за инфективни болести и беше поставена во соработка со Министерството за одбрана и Армијата во март.
Во Министерството велат дека е голем успех што немало потреба од дополнителни капацитети за згрижување пациенти со коронавирус.

Во меѓувреме со донација од Швајцарската амбасада се постави монтажна болница како дел од системот за понатамошното справување со КОВИД-19 во земјата.

Таа ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, каде што ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба.

XS
SM
MD
LG