Достапни линкови

Запленети 11,5 тони хашиш во вредност од 114 милиони евра во Белгија


Илустрација: Хашиш

Белгиската полиција заплени 11,5 тони хашиш (смола од канабис) на кванташки пазар во Брисел и приведе шест лица, соопшти денеска обвинителството. Вредноста на дрогата се проценува на околу 114 милиони евра.

Дрогата била пронајдена вчера во еден контејнер на пазарот Мабри во Брисел, каде што на големо се продаваат намирници за трговци и ресторани.

Белгија е транзитна земја, претежно за кокаин од Јужна Америка, кој на пат кон другите европски земји, пристигнува со бродови до пристаништето во Антверпен. Сепак, во Белгија се ретки големите заплени на дрога.

Рекордни 45 тони смола од канабис беа запленети во февруари 2007 година во Антверпен. Се претпоставува дека дрогата била наменета за холандскиот пазар.

XS
SM
MD
LG