Достапни линкови

Мицкоски - Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека му е со среќа


Лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски

Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека му е со среќа, рече попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски без да прецизира дали во таков случај неговата партија ќе учествува на изборите. Тој ова го кажа во гостувањето во вестите на телевизија Сител.

Мицкоски истакна дека само денеска во земјава има 22 нови случаи со коронавирус и двајца починати.

СДСМ инсистира изборите да се одржат во јуни, додека ВМРО-ДПМНЕ предлага тие да бидат на крајот на август или на почетокот на септември.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска рече дека ако не се постигне договор, изборите ќе се одржат на 21 јуни, зашто тоа е уставниот рок.

На вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски не беше постигнат договор за избори.

XS
SM
MD
LG