Достапни линкови

Се укинува самоизолацијата по државен карантин


Влада на Република Северна Македонија

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, соопшти денеска владината прес-служба.

На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со кој патниците од странските земји, кои влегуваат во Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.

XS
SM
MD
LG