Достапни линкови

Шаиб: Имаме работа сега, подоцна ќе му одговориме на Трамп


Портпаролката на Светската здравствена организација, Фадела Шаиб, денеска изјави дека СЗО нема непосреден коментар за писмото на американскиот претседател Доналд Трамп, но очекува дека, откако работите ќе станат појасни, ќе има реакција подоцна во текот на денот, пренесе АП.

Овој одговор следува по објавата на Трамп на Твитер во која се заканува дека трајно ќе го прекине финансирањето на Организацијата и ќе го преразгледа членството на САД во СЗО, освен ако организацијата не покаже „значително подобрување“ во наредните 30 дена, нарекувајќи ја СЗО кукла на Кина.

„Го видов писмото и, за сега, немам никаква изјава за тоа. Во моментов сме многу зафатени со обидот да ја финализираме нашата агенда за состанокот на Светското здравствено собрание. Секако, сигурна сум дека подоцна сè ќе биде појасно и ние ќе реагираме на тоа“, рече Шаиб на редовниот брифинг во Женева, пренесе АП.

XS
SM
MD
LG