Достапни линкови

Заев: Ако не се договориме, избори ќе има на 21 јуни


претседателот на СДСМ Зоран Заев

Ние сакаме да имаме договор за терминот за избори, но ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според Уставот и законите. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите. Треба да се договориме, но ако не се договориме, да знаат сите дека на 21 јуни ќе има избори со 14 кандидатски листи, изјави на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на излезени гласачи. За разлика од другите земји кои излегуваат на гласање, ние немаме функционален парламент“, изјави Заев.

Партиските лидери на средбата кај претседателот Стево Пендаровски не успеаја да се договорат за терминот на изборите, по што беа најавени и одделни меѓупартиски средби за евентуален договор.

XS
SM
MD
LG