Достапни линкови

Државјаните на С. Македонија од 1 јуни во Србија без обврска за негативен тест


Српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст. Tаа повтори дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини со четири држави во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија), без обврска на граѓаните на тие земји да имаат негативен тест за Ковид-19 при преминување на границата со Србија. “За државјаните на овие земји нема потреба од овие тестови, тие ќе влегуваат во Србија како и пред појавата на Ковид-19”, изјави српската премиерка.

Вучиќ: Пендаровски им се додворува на Германците

За странците од другите земји засега и понатаму останува во сила обврската да имаат валиден негативен ПЦР тест на коронавирус и одобрување на владина комисија при преминување на границата, изјави Брнаабиќ, додавајќи дека странските државјани, доколку се особено важни за српската економија, можат да влезат и без негативен ПЦР тест.

XS
SM
MD
LG