Достапни линкови

Трамп се закани со трајно запирање на финансирањето на СЗО


генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус

Претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека трајно ќе ја запре американската финансиска поддршка за Светската здравствена организација доколку таа не се подобри во наредните 30 дена. Трамп во писмото до генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус на 18 мај исто така наведува дека Соединетите држави ќе го преиспитаат своето членство во ова тело на ОН.

СЗО - Шпекулација е дека вирусот потекнува од лабораторија во Вухан

Во писмото, кое Трамп го објави на Твитер, се вели дека единствениот пат напред е ако СЗО може да демонстрира независност од Кина. Во писмото од четири страници се обвинува СЗО за игнорирање на веродостојни извештаи дека вирусот се шири во Вухан, Кина во почетокот на декември. Трамп во минатиот месец ги суспендираше придонесите на САД во СЗО во очекување на проценката за раководењето со оваа организација. Претставниците на СЗО ги негираа обвиненијата.

XS
SM
MD
LG