Достапни линкови

Унгарија и Словенија планираат отворање на границите до 1 јуни


Илустрација.

Унгарија и Словенија се договорија за постепено отворање на меѓусебните граници до 1 јуни, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Опоравувањето на нашите економии не е можно без продолжување на меѓународната соработка. Затоа без загрозување на здравјето потребно е ублажување на рестриктивните мерки на границите“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Постепено повтпрно отворање е владината стратегија за спречување на подлабока и трајна штета врз унгарската економија, за која се очекува дека оваа година ќе се намали за 4 проценти, покажува истражувањето на Ројтерс.

Словенија на 15 мај стана прва европска земја која официјално објави крај на епидемијата на коронавирусот.

Луѓето кои стигнуваат во Словенија од други земји на Европската унија веќе нема да мора да одат во задолжителен карантин, како што беше случајот на почетокто на април, се вели во соопштението на словенечката влада.

Денеска Унгарија пријави 3.535 случаи на коронавирус, 462 смртни случаи и 1.400 оздравени. Словенија пријави 1.466 случаи на вирусот од кои 14 лица починале, наведува Ројтерс.

Босна и Херцеговина исто така најави дека на 1 јуни планира да ги отвори границите за странци.

XS
SM
MD
LG