Достапни линкови

Партиите без договор за датум за избори


Архива - лидерска средба меѓу партиите кај претседателот на државата Стево Пендаровски.

Нема консензус меѓу политичките партии за датум за одржување на предвремени избори, откако денеска беше одржана втора лидерска средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски, соопштија попладнево лидерите на најголемите партии по завршувањето на средбата.

Изборите првично беа закажани за 12 април, но беа одложени со владина уредба со законска сила поради пандемијата со коронавирусот и прогласувањето на вонредната состојба.

Лидерите најавија дека во следните денови се очекува партиите да имаат меѓусебни разговори. Тие рекоа дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ изборите да бидат одржани во август или почетокот на септември, додека СДСМ се за избори на крајот на јуни. Алијанса за Албанците и Алтернатива се против одржување на 21 јуни.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека изборите се битни, но прво треба да се има консензус за датумот и пред се да се имаат предвид мерките од здравствените институции.

„Многу е битно во вонредна ситуација сите да сме одговорни и да сме согласни за постигнувањето на нашите цели. Ние сме многу свесни дека земјата е без Собрание, дека е со техничка Влада, но оваа ситуација е предизвикана од пандемијата и опасен вирус, рече Ахмети.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.

XS
SM
MD
LG