Достапни линкови

Оздравени 8, починати 3 и новозаразени 25


Во последните 24 часа се регистрирани тројца починати пациенти од ковид-19. Регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2. Според информациите, направени се 250 тестирања на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму информираа дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје-7 и Прилеп-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51) хоспитализиран на 4 мај. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412.

Препорачано

XS
SM
MD
LG