Достапни линкови

Во Африка над 84.000 заразени со Ковид-19, соопшти СЗО


Илустрација - Редица за тестирање за коронавирус во Нигерија

Светската здравствена организација соопшти дека во африканските земји со коронавирус се заразени 84.183 луѓе, а починале 2.739. Најмногу случаи се регистрирани во Јужна Африка – 15.515, а во таа земја од коронавирус починале 264 луѓе.

Најголем број смртни случаи се регистририани во Египет – 612, а во оваа земја од коронавирус се инфицирани 11.719 луѓе. Алжир пријавил 548 смртни случаи и 7.019 инфицирани, Мароко – 6.798 заразени и 192 починати, а Судан има 2.289 инфицирани и 97 починати. Во Нигерија се регистрирани 5.959 заразени, а 182 починале од коронавирус.

XS
SM
MD
LG