Достапни линкови

Награда за најизложените медицински лица во борбата со Ковид-19


Илустрација - Екипа на Брза помош

Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека за најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19 Владата предвидува награда од 20 отсто од основната плата за два месеци за секој од нив.

„Благодарност за најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19. Владата предвидува награда од 20% од основната плата за 2 месеци за секој од нив. Тука се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош“, напиша денеска министрот Филипче на својот фејсбук профил.

XS
SM
MD
LG