Достапни линкови

Во Албанија најавени секојдневни антивладини протести


Љуљзим Баша

Обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија најави секојдневни се национални протести против Владата на премиерот Еди Рама. Одлуката за тоа ја соопшти лидерот на Демократите, Љуљзим Баша по средбата со претставниците на другите партии, кои ја сочинуваат обединетата опозиција. Тој спомнувајќи го договорот со Рама постигнат пред три години пред парламентарните избори, истиот го нарече „грешка што нема никогаш да ја повтори“.

Мета: во „државниот удар“ во Албанија се вмешани и странски амбасадори

Пред три години седнав со него за доброто на земјата, но времето покажа дека не сум бил во право. Им гарантирам на Албанците дека оваа грешка никогаш повеќе нема да се повтори. Ние ќе преземеме чекори за да се ослободиме од злото – Еди Рама, додаде Баша.

XS
SM
MD
LG