Достапни линкови

Лидерска средба кај претседателот Пендаровски


Лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски

За денеска во 12 часот е најавена нова лидерска средба под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, на која треба да се разговара за терминот за одржување на предвремени парламентарните избори.

Што доколку лидерите не договорат датум за избори?

Ова за Радио Слободна Европа го потврдија од Кабинетот на шефот на државата. На претходната средба што се одржа во вторникот лидерите се договорија со консензус дека здравјето на граѓаните останува приоритет и оти на почетокот на следната недела ќе се одржи нова средба за натамошните чекори откако ќе се добијат мислења од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР.

XS
SM
MD
LG