Достапни линкови

ГОБ „8 Септември“ за една недела ќе ги отвори амбулантите


Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на Фејсбук објави дека за една недела Градската општа болница „8 Септември“ ќе ги отвори амбулантите, ќе започне да функционира нормално и ќе биде во служба на сите пациенти, не само на оние со КОВИД-19. Болницата која најголем дел од капацитетите ги стави на располагање за КОВИД-19, со тоа повторно ќе биде ставена во функција за сите граѓани.

Оздравени 16 пациенти, еден починат и 22 нови случаи на коронавирус

Министерството за здравство информира дека 16 пациенти оздравеле, а еден починал од корнавирусот. Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19.

XS
SM
MD
LG