Достапни линкови

Дачиќ загрижен за настаните во Црна Гора


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изрази загриженост за настаните во Црна Гора поради приведувањето на епископот Јоаникие и осумината свештеници на Српската православна црква во земјата. Тој оцени дека тензиите речиси довеле до почеток на братоубиствена војна меѓу Србите и Црногорците. Дачиќ изјави дека досега ниту во една земја не е забележано да се апси епископ на Српската православна црква.

„За првпат речиси доаѓаме во ситуација кога почнува братоубиствена војна меѓу Србите и Црногорците, без разлика кој како ќе ја нарече. Замислете сега ние да апсиме муфтии или епископи, рече Дачиќ за ТВ Прва.

Ослободени од притвор епископот и свештениците во Црна Гора

Епископот и свештениците се ослободени од притвор, а беа приведени поради прекршување на забраната за јавни собири.

XS
SM
MD
LG