Достапни линкови

Ивановска:Кривична и политичка одговорност од директорот Хајредин


Кривична и политичка одговорност од директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти Шпенди Хајредин побара денеска антикорупциската комисија откако го разгледа неговиот предмет. На денешната прес конференција претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивновска изјави дека директорот издавал под закуп спортски објекти кои што по Законот за спорт не треба да ги издава, бидејќи се суштински, но тој склучувал договори за закуп без одлуки од Владата.

Таа истакна дека имајќи ја предвид содржината на добиените документи ДКСК оцени дека има елементи за основи за сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување од страна на именуваниот директор за што до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе иницијатива за кривична одговорност.

XS
SM
MD
LG