Достапни линкови

Оздравени 16, починати двајца и 17 новозаразени


Институтот за јавно здравје во последното деноноќие регистрирал 16 оздравени пациенти, двајца починати и 17 новозаразени лица.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89), хоспитализиран од 4 мај. Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април“, соопшти МЗ.

Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи со што вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата, досега, изнесува 1.740. Бројот на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.

„Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, како што информираат од Министерството, 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран еден позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни“, соопшти МЗ.

XS
SM
MD
LG